Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
„Комуналец“ се вклучи во акцијата „Чисти ридови за сите“
ЈПКД „ Комуналец „ во соработка со Општина Струмца со луѓе и механизација активно се вклучи еко акцијата „Чисти ридови за сите 4“, организирана од ВК „Актив“ која се реализираше денеска.
-Со помагањето во собирање на сметот оставен од страна на несовесни граѓани покрај патот за месноста Чам-Чифлик заедно со еко активисти и невладини организации, во вакви и слични акции кои се секогаш добредојдени и поддржани од страна на ЈПКД „Комуналец“ даваме притоден на сите кои се грижат за чиста и уредена животна средина . Апелираме до сите дека со совесно однесување и поголем број на вакви акции ќе добиеме почиста околина во која вистински ќе уживаме во убавината на природата, стои во соопштението на струмичкото комунално претпријатие.