fbpx

Ученици од Франција на практична работа во Струмица, ги прими градоначалникот Костадинов

 Ученици од Франција на практична работа во Струмица, ги прими градоначалникот Костадинов

-Струмица е домаќин на седум ученици од Париз (Франција) предводени од нивен професор, кои денес беа гости во мојот кабинет, заедно со директорот и професори од ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Повод за престојот на француските ученици во нашиот град е нивната мобилност, како дел од 14-дневна програма која вклучува учење преку работа во три струмички компании, а е резултат на соработката на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица со АФОРПА групацијата на стручни училишта од Париз, Франција, чија основна дејност е стручно образование и обука во автомобилската индустрија. Таквата соработка меѓу двете изнституции е воспоставена минатата година, преку препознавање на успесите на ДСУ-РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица во реализираните Еразмус+ активности во стручното образование и обука.Во исклучително позитивна атмосфера ги запознав гостите од Франција со спецификите на нашиот град и општина, а учениците ги споделија со мене своите убави импресии од Струмица, напиша струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link