fbpx

Поранешниот премиер Зоран Заев со семејството го оствари правото на глас

 Поранешниот премиер Зоран Заев со семејството го оствари правото на глас

Поранешниот премиер Зоран Заев заедно со сопругата Зорица и синот Душко утрово го искористи своето право на глас на избирачкото место 1730/1.

Инаку од регистрираните 49.649 избирачи, правото на глас во општина Струмица го искористиле само 4,67 отсто.

На сите 83 избирачки места гласањето тече без никаков проблем и не се утврдени неправилности. Струмичани може да избираат од предвидените 7 кандидати.

Share via
Copy link