fbpx

Претрес во Струмица, приведен дилер

 Претрес во Струмица, приведен дилер

МВР соопшти дека вчера во 12:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Љ.Ѓ.(46) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, црна прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото: архива

Share via
Copy link