Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
„Комуналец“ ги обележува контејнерите за непречено празнење
ЈПКД „Комуналец„ врши обележување на контејнерите за отпад од домаќинствата како и местото околу нив со ознака за забрането паркирање како би можел автосмеќарот непречено да ги испразни.
-Ги напоменуваме граѓаните дека таму каде што има два или повеќе контејнери еден до друг да вршат примарна рециклажа т.е да го стават сметот во соодветните контејнери. На тој начин уште на самиот почеток се овозможува понатамошно рециклирање со што значително се намалува сметот, а сето тоа е еден дел од заложбата за помалку ѓубре и почиста животна средина, соопштија од „Комуналец“.