Радовишанец со „пасат“ удрил во малолетен пешак по што побегнал
Здружението „Медија Флеш“ ќе одржи втора работилница за медиумска писменост во Средното училиште „Никола Карев“ во Струмица
Во рамките на реализирање на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“, којшто го реализира Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“, во вторник на 21 мај во Средното училиште „Никола Карев“ во Струмица ќе се одржи работилница со ученици и професори од ова средно училиште.
Работилницата ќе ја води новинарот и генерален директор на Медиумската информативна агенција (МИА), Драган Антоновски.
На работилницата пред учениците ќе биде презентиран прашалникот за нивните познавања на медиумската писменост.
Оваа активност е поддржана од проектот „Млади агенти на промената“ имплементиран од „Центар за интеркултурен дијалог“ (ЦИД), „Сојуз на извидници на Македонија“ и Центар за истражување и анализи „НОВУС“ Струмица со финансиска поддршка од ЕУ.
За повеќе информации следете ја фејсбук страницата на Здружението: https://www.facebook.com/mediaflashsr.