fbpx

Уапсен жител на Водоча кој агресивно се однесувал кон полицајци

 Уапсен жител на Водоча кој агресивно се однесувал кон полицајци

СВР Струмица соопшти дека на 31.05.2024 во 03:55 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.В.(40) од село Водоча, струмичко. Тој на 30.05.2024 на магистрален пат А-4 Струмица—Радовиш, на местото „Градашорска крстосница“ агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно овбвинителство Струмица. По документирање на случајот против К.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link