fbpx

Жител на Богданци осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка

 Жител на Богданци осомничен дека извршил обљуба врз малолетничка

Од СВР Струмица соопштија дека на 15.06.2024 во 00.00 часот во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.Г.(52) од Богданци.

Тој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Share via
Copy link