fbpx

Гевгеличанец пронајден починат во станот во кој престојувал

 Гевгеличанец пронајден починат во станот во кој престојувал

СВР Струмица соопшти дека вчера во 14:00 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во станот во кој престојувал во Гевгелија бил пронајден починат Е.П.(29) од Гевгелија.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес телото на починатиот било предадено на обдукција.

Share via
Copy link