fbpx

Во сообраќајка кај Богданци двајца повредени

 Во сообраќајка кај Богданци двајца повредени

На 21.07.2024 година во 04:40 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионален пат 1109 (Обиколница Богданци), се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Т.А.(27) од Богданци и трактор „фергусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од А.М.(71) од Богданци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот А.М., а со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „рено“, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

Share via
Copy link