fbpx

Полициски билтен: пронајдена марихуана кај двајца радовишани, пожар во училиште во село Водоча

 Полициски билтен: пронајдена марихуана кај двајца радовишани, пожар во училиште во село Водоча

Вчера во 17:30 часот на магистралниот пат А4, кај клучка за село Ињево, радовишко, , полициски службеници од ОВР Радовиш ги лишиле од слобода К.Ј.( 31 ) и Д.Т.(22), двајцата од Радовиш.

При преглед на патничко возило „фиат“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал К.Ј., а сопатник бил Д.Т., кај Д.Т. била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Радовиш и за настанот бил запознаен jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.

По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.08.2024 во 17:43 часот во СВР Струмица било пријавено дека во основното училиште во село Водоча, струмичко, настанал пожар на електричната инсталација. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.  

Share via
Copy link