„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен:пронајден крадец, одземена прашкаста материја, физички напад во Владевци
На 02.09.2024 во 22.00 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.А.(27) од село Банско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен предмет кој потекнува од кривично дело „тешка кражба“ извршена на место викано „Муртински колиби“ на планина Беласица, а која била пријавена во СВР Струмица на 07.08.2024 година. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против М.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
На 02.09.2024 во 22.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.М.(49) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Запознаен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.09.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Струмица, Ш.Д.(63) од село Градашорци, струмичко, пријавил дека на 01.09.2024 околу 12.00 часот во село Владевци, струмичко, бил физички нападнат од М.М. и Н.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.