Општинскиот инспектор за животна средина изрече казна за согорување отпад од 18.000 евра
Мотоциклист потешко повреден откако удрил во паркиран автомобил

Вчера во 16:20 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на магистрален пат А1, атар на село Марвинци, валандовско, С.К.(44) од село Удово, валандовско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „форд“ со валандовски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.
Фото: илустрација