„Комуналец“ почна со чистење на дивите депонии во населените места
Во акцијата за чистење на дивите депонии која започна пред два дена се исчистени дивите депонии во Муртино и Банско. Со механизација и камиони само од депонијата во Муртино е подигнато 320 кубни метри отпад кој е депониран во депонијата „Шапкар“.
-Во текот на наредната недела продолжуваме со чистење и на другите диви депонии низ сите населени места на Општина Струмица. За да го почувствуваме бенифитот од ваквите акции, покрај нашето редовно чистење, секако потребна е и соработка и помош од сите граѓани пред се со зголемување на еколошката култура и нефрлање на отпад покрај патиштата и во нивите, апелираат од ЈПКД „Комуналец“.
Инаку, отпадот од домаќинствата континуирано се подига од градот и сите населени места, а останатиот отпад од градот да се пријавува на тел 13-110.
Останатиот отпад од населените места граѓаните се должни да го депонираат исклучиво во депонија Шапкар или да го пријават на бројот 13-110.