fbpx

СВР Струмица со апел до граѓаните за новогодишните и божиќните празници

 СВР Струмица со апел до граѓаните за новогодишните и божиќните празници

Во пресрет на претстојните Новогодишни и Божиќни празници, кога оправдано се очекува поголема раздвиженост на лица и возила, Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до граѓаните, посебно до возачите, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да избегнат поголеми задржувања, особено во централното градско подрачје. Потсетуваме дека полициските службеници кои се на терен, секојдневно ќе преземаат како превентивни мерки, така и репресивни мерки со цел санкционирање на несовесните возачи.

Исто така, СВР Струмица упатува апел до сите граѓани кои планираат празниците да ги поминат надвор од нивните домови да преземат мерки со цел да го заштитат нивниот имот, да не се користат пиротехнички средства, да не консумираат алкохол пред возење или доколку консумираат алкохол да не седнуваат зад волан, возачите да ја прилагодат брзината на движење согласно поставената сообраќајна сигнализација и условите и состојбата на патот, а се со цел сите заедно да придонесеме за заедничка безбедност и претстојните празници да поминат во мирна атмосфера.

Share via
Copy link