Костадинов:Да се намалат платите на функционерите, парите да се употребат против загадувањето

 Костадинов:Да се намалат платите на функционерите, парите да се употребат против загадувањето

-Во услови на ектремни цени имаме реална можност да прогласиме економска криза, мерка со која би се замрзнале платите на функционерите.Да не бидам погрешно разбран и јас барам мојата плата да биде намалена.Со таквата мерка имајки во предвид дека во државата имаме над 2.000 функционери.Доколку сите ние во законска рамка се согласиме да ни се намалат платите по 12.000 денари и притоа истите никако да не се покачуваат би генерирале заштеди во висина од 24.000.000 денари или 400.000 евра месечно.Овие средства ќе бидат сосема доволни за имплементација на итни мерки, субвенции до населението особено за цената на ГАС от, котли за гас, продолжување на секундарната гасификација, говорам за Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Живееме во време кога мораме ние кои ја имаме честа од граѓаните да ги водиме да направиме чекор со кој ќе скратиме од нас а за бенефит на нацијата.Решението е едноставно и реално можно, напиша струмичкиот градоначалник.

Фото: архива

Share via
Copy link