„Фолклорна низа“ ве поканува на концерт по повод шест години од постоењето

 „Фолклорна низа“ ве поканува на концерт по повод шест години од постоењето

Здружението за ора и песни „Фолклорна низа, со голема чест и задоволство Ве поканува на  концертот на 10 мај 2025 година (сабота) од 19 часот, во НУЦК “ Антон Панов” – Струмица,

Концертот  „Фолклорни алки“ е по повод –6 години постоење љубов, страст и посветеност кон народната песна и игра.

Здружението за ора и песни „Фолклорна низа“ ќе го прослави својот роденден на сцена таму каде што се роди и израсна низ секој чекор, секој аплауз и секое срце што чука во ритамот на македонското оро.

На концертот Фолклорни алки, покрај членовите на Фолклорна низа ќе настапат и Фолклорен ансамбл „Љупчо Сантов“ – Кочани, Фолклорен ансамбл „Бучим“ – Радовиш
Културно Уметничко Друштво „Јане Сандански“ – Ново Село и ДТС „Самодивска Китка,“ село Самоилово Петрич.

Пред концертот учесниците ќе имаат и дефиле низ центарот на Струмица.

Здружението за ора и песни „Фолклорна низа е формирано со цел да го зачува, негува и пренесува македонското народно богатство на идните генерации. Основано од група ентузијасти вљубени во традицијата, „Фолклорна низа“ за кратко време прерасна во препознатлив симбол на културата и фолклорот во југоисточниот регион на Македонија. 

Со бројни настапи, учества на фестивали и организирање на манифестации како „Фолклорни алки“, создаваме алки од пријателства, љубов и спомени кои го обединуваат народниот дух. Како продолжение на својата мисија, здружението го создаде детскиот фестивал „Фолклорни алки“ – платформа наменета за најмладите љубители на традицијата. Преку овој фестивал, децата од различни делови на Македонија и пошироко имаат можност да ги споделат своите игри, песни и носии, градејќи мостови на пријателство и културна размена.

„Фолклорни алки“ симболично ги поврзува генерациите, од најмалите до најискусните, во една заедничка низа од љубов кон македонската традиција.

Ве очекуваме да бидете дел од нашата приказна – да го славиме фолклорот заедно!

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ 10.05.2025

17:00 часот – Пречек на гости

17:45 – 18:30 часот – Дефиле низ центарот на Струмица

19:00 часот – Почеток на концерот

Share via
Copy link