Јанков:Време е да ја вратиме Струмица на мапата на македонскиот спорт
Јанков:Време е да ја вратиме Струмица на мапата на македонскиот спорт
-Ракометот отсекогаш бил симбол на спортска гордост за Струмица.Но денес, нашата сала е празна од шампионски титули.Време е да ја вратиме традицијата, да ја вратиме страста и да ја вратиме Струмица на мапата на македонскиот спорт!, објави кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО ДПМНЕ, Петар Јанков.
-Со вистинска стратегија и инвестиции во спортот – ракометот, одбојката, кошарката и фудбалот повторно ќе бидат гордост на нашиот град.Струмица заслужува да биде спортски град каков што некогаш беше! Да ја поддржиме младината, спортските клубови и спортскиот дух – затоа што победите на терен се и наши заеднички победи, напиша Јанков.