Претседателот на СДСМ, Венко Филипче присуствуваше и говореше на трибина на тема за мозочни удари, ризици и превенција
Вечерва во Струмица се одржа граѓанска трибина на тема „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“ помина повеќе од успешно, соопштија од ОО СДСМ Струмица!
– Малата сала во Домот на културата беше исполнета над капацитетот – уште еден доказ дека граѓаните имаат интерес и желба да слушнат и да научат за едно од најсериозните здравствени прашања на денешницата, се наведува во информацијата.
Со свои излагања се обратија д-р Миле Гогов и д-р Лазе Манев, а посебна чест ни беше присуството и говорот на претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.