Лишен од слобода крадец од Струмица за доиздржување на затворска казна
Лишен од слобода крадец од Струмица за доиздржување на затворска казна

МВР соопшти дека вчера во 20:30 часот во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Р.(28) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на 11 месеци од казната.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.