Гевгеличанка потешко повредена откако во неа удрил „ланд ровер“ додека го туркала велосипедот
Струмичката библиотека ги додели наградите за литературни творби на тема карневал

Во рамките на годинашните карневалски празнувања, денеска во библиотеката „Благој Јанков Мучето“ беа доделени наградите на авторите на најдобрите литературни творби на традиционалниот награден конкурс на тема „Карневалската маска во мене“.
На конкурсот вкупно пристигнале 113 творби и тоа 27 во категоријата ученици од основните училишта од I до V одделение, 40 творби во категоријата ученици од VI до IX одделение, 21 творба во категоријата средношколци и 25 творби во категоријата возрасни автори.
Во првата категорија, првата награда ја доби Тамара Караманова од ООУ „Кирил и Методиј“ од Дабиле, втората Јаков Тушев од ООУ „Сандо Масев“ и две трети награди добија Виолета Лазарова од ООУ „Видое Подгорец“ и Верица Трајанова од ООУ „Никола Вапцаров“.
Во категоријата на ученици од VI до IX одделение, првото место го освои Валерија Ѓоргиева од ООУ „Маршал Тито“ од Струмица, втори награди добија Давид Долгоски, од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и Вероника Младенова од ООУ „Мануш Турновски“ од Ново Село и третонаградени се Теодора Милославлевиќ од ООУ „Карпош“ од Умин Дол, Куманово и Смиљана Караманова од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле.
Во категоријата на ученици од средните училишта, првото место го освои Софија Стојанова од СОУ „Јане Сандански“, второто Софија Трнковска од истото училиште и добитници на третата награда се Јана Китановска од СОУ „Јосип Броз-Тито“ од Битола и Марија Матеска од СОУ „Мирче Ацев“ од Прилеп.
Во категоријата на возрасни учесници на конкурсот, првата награда ја доби Сања Стојанова-Велкова од Василево, втората Магдалена Најдоска од Прилеп и третата Љупка Кљанкова од Струмица.
Изборот на најдобрите творби го изврши жири комисија во состав:Никола Сарајлија, Наташа Василевска-Трајчевска и Зорица Стојева.