Полициски билтен: кавадарчанец возел и покрај забраната за возење, семејно насилство во валандовско и Радовиш

На 12.07.2026 во 17:00 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Валандово го лишија од слобода С.Д.(49) од Кавадарци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал С.Д. и по преземени мерки било констатирано дека тој возилото го управувал за време на изречена забрана за управување со моторно возило. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.
На 12.07.2026 во 21:15 часот во валандовско село, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 26-годишен жител на тоа село. Според пријавеното, тој околу 17:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 51-годишен татко. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.07.2026 во 20:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.С.(18) од Радовиш. Според пријавеното тој околу 19:00 часот во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата мајка. Известен е јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.