„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во Добрејци ќе се гради канализациски систем за атмосферските води
На денешната седница на Советот на општина Струмица која се одржа со почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, беа усвоени повеќе предлог одлуки и планови од надлежност на локалната власт.
Донесени се Одлуките за донесување на измена и дополна на ДУП за дел од блок 36, УЕ 5 во град Струмица (Општина Струмица – плански период 2019-2029) и утврдување на приоритетен проект за изработка на проектна документација за изработка на атмосферски канализационен систем за населено место Добрејци.
Советниците ги усвоија и годишните планови за вработување во основните и средните општински училишта, а зелено светло добија и годишните извештаи за работата на ЈПКД „Комуналец“ за 2019 година и извештајот за работата во првите три месеци од оваа година, на Центарот за развој на југоисточниот плански регион за 2019 година и извештаите за работата на ЈПЕД „Струмица гас“ и ЈП „Паркиралишта Струмица“ за првите шест месеци од 2020 година, а усвоени се и одлуки од областа на урбанизмот во катастарските општини Вељуса, Банско и Добрејци.