Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на Џио Струмица
Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига Кирил Ричлиев го продолжи договорот за соработка.
За уште поголеми успеси, поголеми резултати и создавање на поголем број на нови репрезентативци, тренерот го зголеми стручниот штаб.
Асистенти кај помладите категории ќе му бидат: Костадин Ричлиев, Јане Попов, Васе Михаилов, Киро Арабаџиев и Владо Милев кој ќе помага во развојот на одбојкарите во сите категории по најновите европски програми на CEV.
За здравјето на играчите повторно лидер на медицинскиот тим ќе биде Д-р Кочо Манчев. Со него ќе бидaт Д-р Душан Королија и физиотерапевтот Александар Црвенковски.