fbpx

Астраион ги почна подготовките за дебитантската сезона во Ракометната Суперлига

 Астраион ги почна подготовките за дебитантската сезона во Ракометната Суперлига

Екипата која е составена од сопствени играчи потпомогната од искусните Мите Караиванов и Александар Тренчевски, ќе ги бранат боите на својот клуб и град Струмица.

На тимот се приклучи и Славе Јанковски играч на РК АСТРАИОНм кој доаѓа од РК ВАРДАР ЈУНИОР.

Тренерското трио останува исто, Мики Пандев-Џексон, Пепи Пецанов, и Александар Пиличев-Лецето

Младите ракометари ќе дадат се од себе за да биде успешна оваа дебитанстка сезона во Суперлига. Целта е зададена, ништо не е невозможно, тоа го докажаа овие млади момчиња за овие 4-5 години. Младиот погон на РК АСТРАИОН се приклучи кон сениорскиот тим и од нив се очекува голема поддршка.

-Поддршката ќе ја бараме од сите кои веруваат во тоа што тие луѓе работат на проектот АСТРСИОН сиве овие години. Нека ни е со среќа, напишаа од Астраион.

Share via
Copy link