fbpx

Бензините намалени за 0,5 , дизелот за 1,5 денари

 Бензините намалени за 0,5 , дизелот за 1,5 денари

Цените на бензините и дизелот од полноќ ќе се намалат- бензините за  0,5 денари, а дизелот за 1,5 денари, соопштија од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од вечерва на полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава за 59,50 денари за литар, додека малопродажната цена на БС-98 ќе изнесува 61,50 ден.

Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 50,50 денари за литар. За 1 денар за литар се намалува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС  ќе изнесува 25,956 ден/кг.

Share via
Copy link