„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Покана од СВР Струмица до угостителите за присуство на Локалниот совет за превенција
Секторот за внатрешни работи – Отсек за превенција – Струмица, ги поканува сопствениците на угостителски објекти на подрачјето на општина Струмица, утре 23.09.2020 година (среда) во 12,00 часот, во Дом на АРМ Струмица, да присуствуват на Локалниот совет за превенција-Струмица, организиран од градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и Началникот на СВР-Струмица,Танчо Пројковски, на тема: “Почитување на законите и протоколите од Владата на Република Северна Македонија“
Средбата со сопствениците на угостителските објекти и со сите чинители надлежни за справување за заштита и превенција од ширење на Корона вирусот – COVID 19 донесени од Владата на Република Северна Македонија ќе придонесе за заеднички координиран проактивен пристап во насока на намалување на последиците од Корона вирусот COVID 19 на подрачјето.