„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Црвен крст Струмица почнува нов проект за интегрирана грижа и услуги
Денеска се одржа средба во Општинската организација на Црвен крст Струмица во врска со започнувањето на новиот проект за интегрирана грижа и услуги за постарата популација во РСМ. На состанокот присуствуваа претставник од Австрискиот Црвен крст, членови на Црвен крст на Република Северна Македонија и регионалните претставници од општина Струмица, Валандово, Радовиш, и Гевгелија.
Проектот е во времетраење од 3 години и е финансиран од страна на Австриската агенција за развој, ЦКРСМ и Австрискиот Црвен крст.
На средбата се разговараше за третата компонента од проектот која што предвидува воспоставување на тренинг Центар за нега и давање услуги на стари лица и лица со попреченост во домашни услови во Струмица, опфаќајки ги и општините Гевгелија, Радовиш, Валандово и Дојран.
Целта на овој центар е подигнување на грижата и интеграцијата на услугите на старите лица во нашата држава, нови вработувања и нови можности.