„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Полициски билтен: физички напад во Баница, 47 лица не носеле заштита на лицето
Вчера во 21:30 часот во Полициска станица Струмица С.С. (55) од село Баница пријавила дека околу 19:00 часот нејзината малолетна внука била физички нападната од И.С. од истото село.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (26.10/27.10.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 47 лица не ја почитувале, од кои 20 во Радовиш, 13 во Валандово, 12 во Струмица и 2 во Гевгелија и ќе следуваат соодветни мерки.