„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„Здрава котлина“ бара мерната станица за загаденоста на воздухот кај болницата да биде ставена во функција
Здружението „Здрава котлина“ бара под итно од Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Струмица да ја стават во фукнција мерната станица за загаденоста на воздухот поставена во кругот на болницата.
Во барањето стои:
-Мерната станица кај болницата од 7ми Август не работи. Зошто е тоа така? Дали планирате да ја ставите во функција оваа зима? И доколку не планирате, зошто? Ние граѓаните на Струмица сакаме да ја знаеме состојбата со воздухот што го дишеме. Сакаме да ја знаеме најитно што е можно. Добро знаеме дека воздухот во Струмица за време на зимата е екстремно загаден. Поприлично ги знаеме и причините поради тоа. Знаеме дека болницата и оваа година ќе се грее на мазут што е недопустиво и неодговорно баш поради претходните сликања и ветувања.Ги знаеме и останатите загадувачи. Знаеме и дека не се преземаат доволно мерки за да не се тровиме енормно. Можат да се преземат но тоа не се прави. Не се прави, речиси, ништо. Многумина од нас ќе бидеме приморани да се бориме за живот против вирусот и затоа, квалитетот на воздухот ќе ни биде од огромна важност. Вие сте должни да ни ја овозможите оваа информација.