fbpx

Полициски билтен: физички напад во обложувалница во Ново Село, 73 лица не носеле маски

 Полициски билтен: физички напад во обложувалница во Ново Село, 73 лица не носеле маски

Вчера во 21:20 часот во Полициско одделение Ново Село В.С. (39) од село Самоилово, пријавил дека околу 21:00 часот во спортска обложувалница во село Ново Село бил физички нападнат од И.Н.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (19.11/20.11.2020), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 73 лицa не ја почитувале, од кои 28 во Струмица, 21 во Радовиш, 20 во Гевгелија и 4 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки.

Share via
Copy link