fbpx

RiverSoft објави дека оставиле на општината половина милион денари за хуманитарни цели од тендерот за украсување на градот

 RiverSoft објави дека оставиле на општината половина милион денари за хуманитарни цели од тендерот за украсување на градот

Сопственикот на компанијата RiverSoft од Струмица, Тони Костов, објави на својот фејсбук профил дека неговата фирма се откажала од половина милион денари од вкупно 700 илјади денари кои ги добила од тендерот за новогодишно украсување на градот и ги остава на располагање на Општината за да ги пренамени во хуманитарни цели.

Интегрален текст од објавата на Костов:

„Добро утро граде мој. Многумина те слават со слики а многумина со дела, ние овој пат како општествено одговорна компанија одлучивме да те славиме со дела. Сонот станува јаве, си ветивме и се впуштивме во нешто ново за нас, но со заедничка цел која ќе си земам за право да ја споделам со Вас.

Нашата компанија ја доби јавната аукција за новогодишно украсување на градот, предвидениот буџет од 700. 000 денaри. Го намаливме на околу 200.000 денари и оставивме околу 500. 000 денари во Општинската каса.

Која беше нашата цел? Водејки се и подржувајќи ја претходната одлука на градоначалникот на Општина Струмица да се донира 1 милион денари во Општа Болница во Струмица и да се направи еден хуман гест, а притоа градот повторно да биде украсен дојдовме до одлука и до идеа и ние како компанија да дадеме поддршка на хуманиот гест.

Затоа драѓи сограѓани , градоначалник на Општина Струмица, Совет на Општина Струмица апелирам до Вас да направите пренамена на преостанатите 500.000 денари од буџетот за новогодишното украсување на градот Струмица и да ги пренамените за хуманитарни цели во интерес на граѓаните на Општина Струмица.

Сите јавни и приватни компании, како и невладини организации и волонтери ги повикувам да се вклучат во украсувањето на градот со свој придонес. Воедно нашата компанија ќе се потруди да направи се за градот годинава да го добие својот новогодишен изглед.

Можеби некој ќе не критикува , можеби некој ќе не фали, но доколку сите заеднички правиме мали, а добри дела тоа значи дека сите заеднички ќе ги уживаме благодетите на градот Струмица.

Драги мои сограѓани нека ова биде честитка од нашата компанија до сите Вас и оваа тмурна и себична година да ја оставиме позади нас а да ја дочекаме новата со повеќе, љубов , мир и благосостојба. За многу години да е празникот на градот Струмица.“

Share via
Copy link