„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Тренчовски се збогува со „пандевци“, најавува нови предизвици
Досегашниот шеф на стручниот штаб на струмичкиот прволигаш, Југослав Тренчовски, на својот фејсбук профил објави дека завршува со неговиот ангажман во таборот на Академија Пандев. Еве што напиша Тренчовски:
-90 дена исполнети со дружење, радости, тагувања. Денови во кои се обидовме да ја вратиме психолошката стабилност. Остваривме неколку подеми, победи. Горд сум на вашиот пласман во полуфиналето од националниот куп. Но, исто така, имавме и многу падови, премногу изгубени бодови на домашен терен, бевме сведоци на многу судиски одлуки кои беа на штета на сите нас. Во едно сум убеден, а тоа е дека од сите овие моменти научивме многу бидејќи го чекоревме најтешкиот пат. Лузните кои ги добивме во овој период во иднина само ќе сведочат за нашата желба, постојаност, верба…
Следува период на одмор, носете мудри одлуки, со ладни глави. Засекогаш ќе останете во мојата позитивна страна, од една моја приказна во која ќе ги помнам само прекрасните моменти. Во иднина ќе бидам ваш најверен подржувач, затоа што убеден сум дека ќе успеете во зацртаната цел, затоа што вие сте моите херои !!!
Според претходниот договор нашето заедничко патување денес заврши. Време е за некои лични и нови предизвици, нови почетоци ….
Ве сакам од срце, напиша досегашниот предводник на Академија Пандев, Југослав Тренчовски.