„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Градоначалникот Јаневски ја посети болницата
-Попладнето ја посетив ЈЗУ „Општа болница“ Струмица и со директорот, д-р Наќе Гогов, разговаравме за актуелната состојба со Ковид – 19, менаџирањето на болницата, опремувањето на новото болничко крило и поставувањето на модуларната болница, објави градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Додава дека состојбата е стабилна и под контрола, но се уште многу ризична, а тоа значи задолжително почитување на сите мерки за заштита препорачани од Комисијата за заразни болести.
-Им благодарам на сите и на раководството и медицинскиот персонал во болницата за огромните напори кои што ги вложуваат во справувањето со пандемијата од Ковид – 19.Неодамна, мојата, како Градоначалник, и поддршката од општина Струмица ја потврдивме и со финансиската помош од еден милион денари помош на болницата, буџетски средства скратени од планираните за новогодишното украсување, напиша градоначалникот Јаневски на фејсбук.