СВР Струмица со засилени мерки за санкционирање на возачите за непочитување на прописите
Црвен крст Струмица почна со изборот на лица за негуватели на стари и изнемоштени лица
Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица почна изборот на лица за негуватели на стари и изнемоштени лица.
На објавениот конкурс се пријавиле 48 заинтересирани лица, а од нив по спроведениот процес на селекција ќе бидат избрани 15.
-За нас е многу важна социолошката проценка дали пријавените можат или не можат да ја вршат оваа одговорна и хумана работа. Пријавените беа распоредени во неколку групи и се надевам дека изборот, кој ќе го направиме, ќе биде во рамките на нашите очекувања, рече Маријана Тошева, секретар на струмичкиот Црвен крст.
Покрај денешната обука, во наредниот период ќе се реализираат такви активности со општините Валандово и Радовиш, Гевгелија, Дојран и Богданци и на крајот со кандидатите од сите овие општини од Југоисточниот регион.
Избраните негуватели на стари и изнемоштени лица ќе добијат сертификат и ќе можат да се вклучат во сервисите на Црвениот крст, кои се веќе во просец на формирање, а подоцна ќе можат и да се вработат.
Обуката и селекцијата ја финансира Австрискиот црвен крст и Австриската развојна агенција.