„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„Академија Пандев“ стартуваше со подготовките за пролетниот дел од првенството
Денеска „Академија Пандев“ ги почна подготовките за пролетниот дел од првенството.
На првата прозивка од новиот тренер Александар Васоски, присуствуваа сите фудбалери на кои ќе може да смета стручниот штаб, како и засилувањата-централниот дефанзивец Коста Манев, голманот Марко Јовановски и офанзивното крило Николче Шаркоски.
До 20 јануари струмичкиот прволигаш ќе работи во Струмица, а потоа „пандевци“ заминуваат на двенеделни подготовки во Анталија, Турција, каде ќе одиграат и неколку контролни наторевари.
По завршувањето на есенскиот де од првенството од клубот заминаа Марио Маслаќ, Кристијан Трапаноски и Милан Томиќ.