„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Излезе од печат монографијата „Цареви Кули-Струмица (Од праисторијата до Римското Царство) Книга прва“
Монографијата Цареви Кули-Струмица (Од праисторијата до Римското Царство) Книга прва, која произлезе од сумирањето на резултатите од археолошките истражувања на локалитето Цареви Кули-Струмица, како и кабинетските проучувања на богатата материјална и духовна граѓа, прибирана во текот на изминатите петнаесетина години, излезе од печат, објави археологот и долгогодишен истражувач на овој локалитет, м-р Зоран Рујак.
Голема благодарност до Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и сите останати учесници во истражувањата на Цареви Кули, како и луѓето кои работеа во подготовката на ова капитално дело. Се надевам дека наскоро ќе ја публикуваме и втората книга Цареви Кули-Струмица (Од Римското Царство до доцен среден век) која е во подготовка., напиша Рујак.