fbpx

Доделени наградите и отворена изложбата од Меѓународниот фестивалот на карикатура и афоризам

 Доделени наградите и отворена изложбата од Меѓународниот фестивалот на карикатура и афоризам

Со доделување на наградите и отворање на изложбата вечерва во Центарот за култура во Струмица беа соопштени наградените карикатуристи и афористичари од 22. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам што традиционално се одржува во рамки на Струмичкиот карневал.

Златна плакета за најдобра карикатура доби македонскиот карикатурист Миро Ѓеоргиевски.Сребрена плакета доби Луис Нол од Австралија, а бронзена плакета Горан Ќеличанин од Србија. Награда од Струмичкиот карневал доби Миле Манчевски од Северна Македонија, а дипломи им се доделени на четворица карикатуристи.

Златна плакета за најдобар афоризам доби афористичарката Нада Караџиќ  од Србија. Сребрена плакета жирито му додели на Александар Чотриќ (Србија), а бронзена плакета на Владислав Влаховиќ од Црна Гора. Награда од Струмичкиот карневал ја доби македонскиот афористичар Васил Толевски, а дипломи добија пет афористичари и членови на Клубот на млади афористичари од Струмица.

Карневалски шмек на настанот му даде настапот на карневалската група на Цветко Багашовски.

Симболичното одбележување на годинашниот Струмичкиот карневал завршува утре со традиционалниот Тримерски ручек.

Share via
Copy link