„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Жена од Старо Коњарево украла пари од соселанец и ги закопала во дворот
Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од село Старо Коњарево.
На 29 март оваа година пријавената отишла во куќата на Л.А. во село Старо Коњарево и во згодна прилика од гардеробер во спална соба му одзела чанта во која имало пари во различни валути.
На 07.04.2021, полициски службеници, во дворното место од куќата на З.Г. ги пронашле закопани парите, кои по овластување на јавен обвинител биле вратени на оштетениот.