„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Струмица со еден починат, еден нов и 5 оздравени од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на Ковид 19 во:
-Скопје 14 -Куманово 4 -Тетово и Кочани по 2 -Битола, Велес, Охрид, Струмица-1, Кичево, Радовиш, Виница и Пробиштип по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица:
8 од Скопје (61г,62г,69г,72г, 75г,80г, 82г и 82г), две лица Битола (65г,82г) и по едно лице од Куманово (80г), Струмица (76г), Охрид (68г), Гостивар (73г), Ресен (69г) и Струга (72г).
Регистрирани се 359 оздравени пациенти од:-Скопје 163 -Куманово 31 -Битола 26 -Тетово 16 -Велес и Кичево по 12 -Кочани, Гостивар и Кавадарци по 11 -Ресен 10 -Штип 9 -Виница, Прилеп и Свети Николе по 6 –Струмица 5 -Неготино и Берово по 4 -Радовиш и Гевгелија по 3 -Крива Паланка и Дебар по 2-Струга, Делчево, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 749.727 тестирања на Ковид 19.Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.