„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Повик за финансирање проекти до милион евра во струмичкиот регион
Компанијата „Еуромакс Ресоурцес“, инвеститорот на мега проектот за рударски комплекс „Иловица – Штука“, ги повикува граѓанските и бизнис здруженија, како и релевантните институции заедно да детектираат и побараат решенија за најгорливите приоритети во струмичкиот регион. Бордот на директори на компанијата обезбеди финансиски фонд до милион евра за локални проекти кои ќе придонесат за ревитализација на регионалната економија во следните неколку години.
Според директорот за комуникации и односи со јавноста Живко Груевски, македонската економија се соочува со силни последици предизвикани од пандемијата Ковид 19, кои се пресликуваат и во регионалните економски случувања, поради што и компанијата се подготви да помогне онаму каде е најпотребно.
„Ги повикуваме сите релевантни институции, граѓански и бизнис асоцијации да дојдат со свои предлози и размислувања, за заедно и целосно, транспарентно да ги детектираме најгорливите приоритети за регионот. Потребата од ревитализација на бизнис активностите се во фокусот на програмите и на општините во струмичкиот регион. Нашиот Борд на Директори одлучи интервентно да оддели посебен финансиски фонд по милион евра годишно во следниве 2-3 години за да може силно да се одговори на предизвиците со кои ќе се соочат општините во овие процеси, но и бизнис заедницата и граѓанските здруженија. Првиот износ од милион евра е веќе оперативно на располагање и во следните месеци средствата ќе се употребат за финансирање на приоритетни локални проекти и неопходни донации“, вели директорот за комуникации и односи со јавноста, Груевски.
Според Еуромакс, потребни се итни активности и реални инвестиции за да може да се направи брз пресврт во економските случувања, односно да се создадат услови за развој сега.
За сите кои се заинтересирани, може дополнително да се информираат преку канцелариите на компанијата во Струмица на адреса „Гоце Делчев“ број 58, телефонски контакт 034 330 088 и во Информативниот центар во селото Иловица на адреса 220а, телефонски контакт 034 368 888.
Груевски објаснува дека компанијата веќе изградила став согласно обврската што ја имаат кон локалната заедница да одвојуваат наменски фонд од по еден милион евра годишно за финансирање на повеќе нови локални проекти, кои не се поврзани со големите инфраструктурни зафати кои се дел од генерален проект за развој на рударскиот комплекс „Иловица – Штука“.
Развојот на регионов е еден од приоритетите на Еуромакс, инвеститорот на мега проектот „Рудник на можности“, кој опстојува на определбата „Иловица – Штука“ да биде модерен рударски комплекс, изграден и управуван согласно највисоките европски и светски стандарди. Комплексот во периодот на изградба и оперирање на рудникот ќе обезбеди работен ангажман за околу 3000 директно или индиректно вработени лица. Досега во Проектот се инвестирани повеќе од 50 милиони евра, а за првата фаза на изградба предвидени се околу 340 милиони евра. Инвестицискиот проект е планирано да придонесе за зголемување на бруто домашниот производ за 3% на годишно ниво и да се квалификува во првите топ 3 извозни компании од Република Северна Македонија.
(Комерцијална објава)