Александар Таневски останува „кормилар“ на Академија Пандев
Тренерот на Академија Пандев, Александар Таневски останува на тренерската позиција на струмичкиот прволигаш.
Двете страни со задовоството ја продолжија соработката, а Таневски потполно се вклопува во стратегијата на клубот особено кон давање шанса и подигање на квалитетот на младите играчи во сениорскиот тим.
Таневски за помошни тренери ги назначи Ѓорѓе Стојчев, Ристо Ристов и Александар Стојанов, тренер на голманите ќе биде Томи Пандев, додека кондиционен тренер е Перо Костовски. Почетокот на припремите за новата сезона се закажени за 1ви јули.