На 31.03.2024 во 11.40 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода А.И.(27) од Радовиш затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. […]
Вчера во периодот од 14:00 до 20:00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 25 на подрачје на Радовиш, 22 на подрачје на Струмица, 20 на подрачје на Гевгелија и 11 на подрачје на […]
Носителот на листата во изборна единица 4 вчера вечер присуствуваше на отворање на нов изборен штаб во Прилеп. Пред неколку стотини присутни во победничка атмосфера, Филипче потсети на работата на Владата и кризите со кои се соочуваше државата изминатите години. „СДСМ имаше тешки седум години владеење во исклучителен кризен период во светот и регионот. Ниедна […]
ЈПКД „ Комуналец „ во соработка со Општина Струмца со луѓе и механизација активно се вклучи еко акцијата „Чисти ридови за сите 4“, организирана од ВК „Актив“ која се реализираше денеска. -Со помагањето во собирање на сметот оставен од страна на несовесни граѓани покрај патот за месноста Чам-Чифлик заедно со еко активисти и невладини организации, […]
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 49 години за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз малолетно девојче кое не наполнило 15 години, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Осомничениот жител на село во општина Конче во повеќе наврати ја […]
На денешното претставување на т.е. „Програма за европска иднина“ и кандидатите за пратеници на СДСМ и Коалицијата, носителот на листа во ИЕ 4, Венко Филипче говореше за подобрување на финансиската состојба на здравствените работници. Тој најави дека веќе е започнат успешен процес на обезбедување европски услови за нашите здравствени работници преку покачување на платите, платените […]
На 30.03.2024 во 17:25 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Ј.К.(49) од село во општина Конче. Тој се сомничи дека во периодот од почетокот на 2022 година до ноември 2023 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од село во општина Конче. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, […]
Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе биде од 4 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 20 […]
Од 2 часот по полоќ почна летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе треба да се поместат еден час понапред. Летното сметање на времето завршува на 27-ми октомври во 3 часот кога часовникот се поместува еден час наназад.Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно директивите на ЕУ и на обрската од […]
Технолошко – металуршкиот факултет организира регионалните натпревари од традиционалниот натпревар на средношколците за „Наноматеријали – материјали на иднината“. На овие Регионални натпревари за одбрана на проектите на средношколците учествуваат ученици од 2, 3 и 4 година од повеќе средни училишта во државата. Натпреварот се организира од 2013 година. „На натпреварот средношколците презентирани 50 проекти, од […]