Mакедонската и грчката полиција спречија меѓународен транспорт на дрога на

На 10.08.2023 во 23.30 часот од страна на полициски службеници на граничната полиција од Регионалниот центар Југ, во близина на местото Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Република Грција, биле забележани две лица кои од територија на Република Северна Македонија исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја […]

Три лица повредени во сообраќајка кај Марвинци

Вчера во 10:40 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионалниот пат кај село Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички моторни возила „пасат“, едното со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(43) од Куманово, а другото со српски национални ознаки, управувано од В.А.(52) од Република Србија, информираа денеска од МВР. Во несреќата […]

Македонските и словенечките стопанственици со апел за поддршка на Словенија

Почитувани, Словенија во изминатите денови се соочува со последиците од најголемата природна катастрофа во нејзината понова историја. Голем дел од нејзината територија беше засегната од поројните дождови и невремиња кои резултираа со обилни поплави и свлечишта. Голем број граѓани ги изгубија своите домови, а инфраструктурата на земјата е сериозно оштетена. Многупати во минатото нашите две земји […]

Во Струмица се поставуваат пластикомати

Општина Струмица набави интегриран систем за рециклирање кој се состои од безконтактни електронски картички и терминална опрема: уреди за рециклирање на отпад преку кои на крајните корисници кои во нив ќе уфрлат празни пластични шишиња или лименки, автоматски, согласно дефинираниот ценовник на претпријатието, ќе им биде доделен соодветен паричен надоместок, односно 0.5 денари по пластично […]

Притвор за осомничен за силување дете во гевгелиско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од Јавното обвинителство. Осомничениот, на 4 август, […]

Вечер завршува „Астерфест“ 2023

Вечер во Амфитеатарот во 20:30 часот ќе има проекција на „ЗВУЧЕН КАФЕЗ“, во чест на лауреатката Каталин Ладик. Тоа е воедно последниот настан на овогодишниот, 18-ти Астерфест. Овој унгарски едночасовен документарен портрет е во режија на Корнел Силаги (Игор Бухаров). Проекцијата ќе има повремена музичка придружба на акустична гитара во изведба на Георги Трајков.

Џон Њуман и Бурак Јетер со Констракта пристигнуваат на „ЕГЗИТ“

На второто издание на „Get EXITed“ настанот во Градскиот парк во Струмица на 7 септември пристигнуваат возбудливи светски и регионални имиња. На овој Егзитов спектакл, кој минатата година го посетија повеќе од 20.000 луѓе, ќе настапи мега-ѕвездата – единствениот продуцент, пејач, текстописец и диџеј Џон Њуман, кој со години суверено ја носи титулата поп и […]

Трето прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција

Се известуваат граѓаните од Југоисточниот плански регион дека согласно направениот план на активности за третото прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција, истото ќе се изврши во текот на наредните денови со следниот распоред: Општина Василево На 09.08.2023 година (среда),  со почеток во 18.00 часот,ќе се изврши прскање против возрасни комарци и На 10.08.2023 година […]

Приведен криумчар на мигранти во Стар Дојран

Вчера во Стар Дојран полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран го лишиле од слобода И.Х.(22) од Египет, соопштија денеска од МВР. Околу 07.30 часот тој бил затекнат со група од 25 лица мигранти (меѓу кои пет малолетници), сите од Сирија и по преземени мерки било утврдено дека тој […]

„Златна потковица“ на Астерфест за данскиот филм „Ивалу“

Жирито во состав: Гоце Ристовски (писател и универзитетски професор), д-р Дрита М. Фазлија (филмски продуцент и универзитетски професор) и Мили Чумиќ (филмски продуцент и дистрибутер од Велика Британија), по опстојна расправа за сите 23 филмови во официјалната конкуренција прикажани на 18-тиот Интернационален филмски фестивал „Астерфест“, донесе едногласна О Д Л У К А Наградата „Златна потковица“ се доделува на филмот […]