fbpx

Полициски билтен: Физички напади во Василево, Ново Село и Ораовица

Вчера во 13:40 часот во Полициската станица Струмица, Т.Т. (66) од село Василево, струмичко, пријавила дека околу 10.00 часот во село Василево била физички нападната од А.Т. од истото село. Истиот ден, пак, и А.Т.(27) пријавил дека бил физички нападнат од Т.Т. од село Василево. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. […]

Градоначалникот на општина Василево ги посети откупните пунктови за тутун

Денес, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов беше во посета на пунктовите за откуп на тутун во населените места Радичево, Ангелци и Сушево, каде во непосредна средба и разговори со тутунопроизводителите се интересираше за текот на откупот и состојбата во оваа област. -Денес на терен ги слушнав маките и проблемите на тутунопроизводителите. Интересот и грижата […]

Откриени две товарни возила на преминот Ново Село со фалсификувани

Денеска полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село извршиле контрола во две товарни возила, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од село Мала Речица, тетовско. При контролата било утврдено дека возилата не поседуваат уредна документација, односно лиценците и изводите за вршење превоз во внатрешен и меѓународен патен […]

Градоначалникот Костадинов ќе доделува награди за најубави дворни места на

-Куќните совети кои ќе ги уредуваат и одржуваат зелените површини кои се во нивна сопственост како станари имаат можност за убави награди. Најдобро одржуваните дворни места на зградите во текот на годината, односно прво место како куќен совет ќе освојат 200.000 денари.Второ место ќе бидат наградени со 100.000 денари и трето место со 50.000 денари.За […]

12 нови и 8 оздравени од Ковид-19 во Струмица

Во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 766• Битола – 94• Прилеп – 56• Кавадарци – 38• Велес – 31• Охрид – 24• Гевгелија – 23• Куманово – 18• Ресен – 16• Тетово – 15• Штип и Струмица – по 12• Кочани – […]

6 јануари 2022 година (четврток), Бадник е неработен ден за

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2022 година (четврток), Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.  Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на […]

Струмица со 3 нови и 15 оздравени од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 3.561 тестирања, а регистрирани се 242 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 173• Прилеп – 12• Битола – 10• Кавадарци – 9• Куманово – 6• Гевгелија – 5• Велес – 4• Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица-3 и Струга – по 3• Кочани и Делчево – по 2• Кичево, Крива […]

Градоначалникот Костадинов му врачи шедна книшка со 40 илјади денари

-Новиот жител на општина Струмица ги живее првите денови од Новата 2022 година, а мојот работен ден започна токму со посетата на новороденчето на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -На мајката Тамара Пандева од селото Банско и го честитав синчето, а на новороденчето му подарив […]

Еден починат, 16 нови, 19 оздравени-Струмица по Скопје со најголем

Во последните 24 часа направени се 4.072 тестирања, а регистрирани се 246 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 145• Струмица – 16• Прилеп – 14• Штип, Охрид и Битола – по 12• Кавадарци – 10• Неготино – 4• Струга, Гевгелија и Куманово – по 3• Велес и Ресен – по 2• Кичево, Гостивар, Валандово, […]

Борецот од НОВ Јован Величковски го прослави 100 роденден

Еден од најстарите преживеани борци од НОБ и антифашистичката војна, Јован Величковски денеска го прослави својот 100 роденден. Тој од 100 роденден им порача на младите генерации да бидат  сплотени  и обединети да одат напред, за прогрес на државата и животот во неа, оти ако тие не биле сплотени во нивно време немаше да извојуваат […]