Фото: Во Струмица се одржа Велигденски базар

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, во организација на штитениците и персоналот од Заводот за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ зааедно со деца и родители од Центарот за поддршка „Порака“ се одржа Велигденски базар. На штандовите беа изложени најразлични творби со велигденски мотиви,  а целиот настан беше збогатен со музичка програма.

Приведен дилер во Струмица, пронајден кокаин

На 14.04.2023 во 16.05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Т.(27) од Струмица, соопштија денеска од МВР. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе […]

Градоначалникот Костадинов и директорот на „Комуналец“, Горгиев, организираа Ифтарска вечера

-Во нашата традиција, храната е повеќе од оброк. Храната е дел од нашиот идентитет. Таа е добронамерност, споделување, отворен разговор, заедништво. Ифтарската вечера е потсетник на ваквите, вистински важни работи во животот. Со добар оброк, со убав муабет, со пријатели и побогати како личности и посреќни. Јас како иницијатор заедно со струмичкото ЈПКД „Комуналец“ вечерва […]

Во Радовишко пронајдена поголема количина огревни дрва без документација

На 11.04.2023 околу 21.20 часот во дворното место на Т.Ј. во село Дедино, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш пронашле товарно возило „ман“ со радовишки регистарски ознаки, натоварено со 11 кубни метри огревни дрва, соопштија од МВР. Притоа, во координација со Шумска полиција Радовиш било утврдено дека лицето не поседува соодветна документација за огревните дрва, […]

Во Струмица одржан регионален настан за инклузивно образование како дел

Во организација наПроектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија денес се одржа петтиот регионален настан во општина Струмица на кој присуствуваа претставници од општини, училишта, невладини организации, општествено одговорни компании и медиуми од југоисточниот плански регион.  Во обраќањето на менаџерот на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, Бранка Џајковска беа презентирани спроведените активности во овој […]

Полициски билтен:физички напади во Градско Балдовци, Владевци и Висока Маала

На 10.04.2023 во 14.30 часот во Полициската станица Струмица, Џ.Ф.(52) од Струмица пријавил дека околу 12.30 часот во село Градско Балдовци бил физички нападнат од едно лице. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 10.04.2023 во 20.20 часот во Полициската станица Струмица, Т.К.(65) од село Владевци, струмичко, пријавил дека на 09.04.2023 околу 15.00 часот во село Владевци […]

Претседателот Пендаровски во посета на Ново Село и Струмица

ретседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска ги посети општините Ново Село и Струмица. Во Ново Село на претседателот Пендаровски му беше претставен концептот „Форум во заедницата“, како втора фаза од проектот „Зајакнување на општинските совети“, чија цел е поголемо учество на граѓаните во процесите на одлучување во својата […]

Фондацијата „Елеуса на 25 април организира хуманитарен концерт „Звукот на

Интегрално соопштение од Фондацијата „Елеуса“ Ви го најавуваме одржувањето на првиот хуманитарен концерт „Звукот на човечноста“ што ќе се одржи на 25 април 2023 г. во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица во организација на Елеуса Фондација. Освен, што ова е прв настан од ваков вид, кој го впишуваме во хуманитарното портфолио на нашата организација, ова […]

Започна реконструкцијата на улица „Крушевска Република“

Денеска, градоначалникот Костадин Костадинов изврши увид во почетните градежни работи од реконструкцијата на улица „Крушевска република“. Станува збор за асфалтирање на левата страна од улицата, како дел од целосната реконструкција на двете коловозни ленти покрај покриениот дел од каналот, на потегот од кружниот тек кај ЕВН до „Момин бунар“, во должина од 583 метри. -Се […]

Пред радовишани претставен концептот за развиена соработка меѓу полицијата и

Денеска Одделението за внатрешни работи Радовиш на градскиот плоштад во Радовиш реализираше активност од кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и ОВР Радовиш преку непосреден разговор со граѓаните и делење на летоци ги запознаа присутните со важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и […]