Во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 60-Куманово 13-Дебар 5-Штип 16-Прилеп 3-Тетово 7-Струга 1-Велес 3-Битола 5-Охрид 1-Гостивар 11-Кочани 1-Пробиштип 1-Демир Хисар 1-Виница 1-Свети Николе 3-Кичево 5 Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга […]
Денеска во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на д-р Агим Нухиу. По денешното примопредавање на должноста, согласно постоечките законските одредби, Нухиу ќе раководи со министерството до изборот на нова Влада на Република Северна Македонија, односно до изборот на нов министер за внатрешни работи.
Денес во 09:51 часот во село Банско, Територијалната против пожарна единица на Струмица со едно возило и четири пожарникари интервенираше на гаснење на запален автомобил марка „опел“. Заради големата оддалеченост и лесно запаливите материјали пожарот бил во поодмината фаза и е ликвидиран за 5 минути по пристигнувањето на пожарникарите.
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката за првата фаза од новата сезона во Суперлигата. Сезоната ќе се игра во две групи од по 7 екипи. По извршувањето на ждрепката беше познат и распоредот на натпреварите, односно комплетирани се сите кола. Во првото коло Астраион на домашен терен ќе игра против […]
Водата за пиење претставува скапоцен ресурс и треба рационално и одговорно да се троши, затоа апелираме до граѓаните да не ја користат водата што е наменета за пиење за наводнување на земјоделските култури, тревници и дворни места, особено во летните периоди бидејки капацитетот на резервоарите за вода не е предвиден за наводнување на земјоделски култури […]
Откако ги обезбеди услугите на Владо Милев, Џио Струмица потпиша договор со уште еден македонски репрезентативец – Васе Михаилов. Искусниот, 34 годишен одбојкар, којшто игра на позицијата примач, цела кариера од натпреварувачката 2005-та/2006-та до лани ја мина во својот матичен клуб, а минатата сезона настапуваше за Вардар. Само по една година во главниот град, Михаилов […]
Во последните 24 часа се направени 1535 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 45-Куманово 7-Дебар 1-Штип 25-Прилеп 4-Тетово 9-Струга 5-Битола 6-Охрид 3-Кавадарци 1-Гостивар 9-Кочани 3-Демир Хисар 1-Делчево 1-Свети Николе 3-Кичево 6 Починати се 6 лица, пет пациенти од Скопје и еден од Струга. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 […]
Организациониот одбор за прослава на празникот при Владата на Република Северна Македонија, во координација со претседателот на Република Северна Македонија и Собранието на Република Северна Македонија за сите настани коишто традиционално се организираат по повод големиот празник, подготвува услови за спроведување на препораките од протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести. Тие услови оваа […]
Во последните 24 часа се направени 1312 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 54-Куманово 5-Дебар 4-Штип 18-Прилеп 1-Тетово 5-Струга 6-Битола 2-Охрид 3-Гостивар 16-Крушево 1-Демир Хисар 1-Свети Николе 2-Кичево 4-Ресен 1 Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица. Денеска Институтот за јавно здравје […]
Градежните активности во проектот „Доградба на фекален канализациски систем во Ново Село“ се одвиваат непречено и се одвиваат на улицата „10-ти Септември“. Вкупната инвестиција на проектот изнесува 43.723.466,00 денари со вклучен ДДВ, а финансиските средства се обезбедени од страна на Министерството за транспорт и врски.