Во Струмица вечерва се вееја знамињата во чест на македонско-италијанското

Вечерва во Струмица, на платото пред Центарот за култура беше одбележан Денот на пријателството меѓу Северна Македонија и Италија. Во присуство на граѓани, претставници на дипломатскиот кор во земјава и членови на Советот на општината говореа градоначалникот Костадин Костадинов и амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри. Во своето обраќање градоначалникот Костадинов го потенцираше развојот на пријателството […]

Доктор Васил Тунев повторно на чело на струмичкиот Црвен крст

Денеска се одржа конститутивно-изборна седница на собранието на ОО Црвен крст Струмица.На седницата се избраа претседател, потпретседател, раководен одбор и финансиска комисија. Едногласно за претседател повторно е избран д-р Васил Тунев, а потпретседател д-р Татјана Тимова.

Градоначалникот Костадин Костадинов и евроамбасадорот Дејвид Гир на неформален Вело

-Со „Вело Струмица“ го славиме 3.Јуни – Светскиот ден на велосипедот.Возиме велосипеди, ги промовираме нивните предности, ги поттикнуваме и едуцираме најмладите.Попладнево одржавме неформален Вело час со учениците од основните училишта на кој разговаравме за велосипедската опрема, за физичката подготвеност, за вело културата.Продолжуваме вечерва со Вело револуција.Ги сакаме велосипедите и развиваме еколошки однос кон нашата Струмица, […]

Евроамбасадорот Гир на средба со градоначалникот Костадинов

-Со посебна чест, срдечно добредојде му посакав на Дејвид Гир, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во РСМ. На средбата разговаравме на повеќе теми, а поттик ни беа заедничките цели – прогресивен развој со втемелување на европските вредности. Гордост ни се реализираните и проектите во тек, а кои финансиски се поддржани од европските фондови, објави градоначалникот […]

Полициски билтен: физички напади во Баница и на улица „Бетовенова“

На 02.06.2022 во 15:45 часот во Полициската станица Струмица, Б.Ѓ.(38) од село Баница, струмичко, пријавил дека околу 07:30 часот во село Баница неговиот малолетен син бил физички нападнат од Т.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа денеска од СВР Струмица. На 02.06.2022 во 22:15 часот во Полициската станица Струмица, Т.Ј.(42) од Струмица пријавил […]

Со „Иловица – Штука“ може да се намали миграцијата на

(Комерцијална објава) Предрасуди и Стереотипи: „Принудно ќе се дислоцираат и раселат околните живеалишта, ќе се одземе дел од постојните површини на обработливо земјоделско земјиште и ќе се „уништи” иднината на младите генерации од регионот.“ ВИСТИНА: Никогаш немало потреба ниту да се спомне некакво дислоцирање и раселување или загуба на постојно обработливо земјиште. Напротив, рударскиот комплекс, […]

Маските „Весели печурки“ и „Пчелин рај“ со вредни награди на

Маските „Весели печурки“ и „Пчелин рај“ на ООУ „Видое Подгорец“ добија вредни награди на Радовишкиот детски карневал, кој се одржа пред неколку денови. Маската „Весели печурки“ е прогласена за најинвентивна маска, а „Пчелин рај“ за маска со најубава порака. -Ги освоивме и жирито и публиката НАЈИНВЕНТИВНА МАСКА ,, Весели печурки” ООУ,,Видое Подгорец”Струмица,МАСКА СО НАЈУБАВА ПОРАКА,, […]

Потешко повреден жител на Стојаково откако со автомобил излетал од

Вчера во 00:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во село Стојаково, гевгелиско, Г.А.(58) од истото село, управувајќи патничко моторно возило „цитроен“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот, соопштија од СВР Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар  Гевгелија, а увид на местото […]

Околу 200 ученици од Струмица го изучуваат кинескиот јазик

На средбата на градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов со Амбасадорот на НР Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо во февруари годинава, беше разговарано за организирање на курсеви по кинески јазик за учениците од училиштата во надлежност на општина Струмица. Бесплатни онлајн курсеви по кинески јазик се реализираат од почетокот на месец мај […]

Почна првиот фестивал „Вело Струмица“ под мотото „Струмица.. и сé

-Со денешниот прв настан “Вело Сервис“ можам да го најавам официјалниот почеток на новиот фестивал “Вело Струмица“ кој е првиот фестивал посветен на сите љубители на велосипедите и велосипедизмот, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. -Во следните неколку дена Струмица ќе има причина да се гордее бидејќи, ваквиот тип на фестивали и проекти кои се […]