Тројца повредени во сообраќајка меѓу мотор и „цитроен берлинго“

Вчера во 13:45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосница од улици„Мајка Тереза“ и „Коло Орцев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „цитроен берлинго“, управувано од Д.Д.(41) од Струмица и мотоцикл „џилера“, управуван од малолетник од Струмица, двете со струмички регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле […]

Од утре веќе не е потребен ковид сертификат за влез

Од утре, лицата кои пристигнуваат од Македонија, Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат дигитален ковид сертификат. Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба денеска издадена. Наредбата, исто така, наведува дека трупите на НАТО кои учествуваат […]

„Голф“ излетал од патот во с.Добрашинци, има повредени

На 11.04.2022 во 22.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат во с.Добрашинци, струмичко, патничко возило „фолксваген голф“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Д.(19) од с.Ангелци, струмичко, излетало надвор од коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците В.Н.(20) и С.Н.(19), двајцата од с.Градошорци, струмичко, а со телесни повреди се […]

Се укинува носењето маски во затворени простори

Владата на Република Северна Македонија на 37-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) утврдени од страна на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ). Според овие препораки, Владата го укина задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за […]

„Гимназијада“ оваа година ќе се одржи во Струмица

-Ги поттикнуваме спортските квалитети, навики и натпреварувачки дух кај младите преку разни спортски натпревари и манифестации и затоа со задоволство ја прифативме понудата оваа година Струмица да биде домаќин на државната традиционална спортска манифестација „Гимназијада“, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Овој масовен спортски собир за учениците од средните училишта ќе се одржи на 5 […]

„НОВУС“ почна со реализација на два значајни проекти

Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ го имплементира проект „Граѓанско сојузништво за репортери без граници“ во партнерство со „Медија Флеш“ – Струмица. Вкупната вредност на проектот изнесува 6.850,00 евра. Главната цел на проектот е да се придонесе кон создавање на околина за суштинска партиципација на медиумските здруженија како влијателни актери во општеството во поглед на […]

ОК Струмица 47&72 го освои купот во Кавадарци

Одбојкарите на Струмица се освојувачи на одбојкарскиот куп кој викеднов се одржа во Кавадарци. Во финалниот натпревар струмичките одбојкари го совладаа скопски Вардар со 3:0, по сетови 25:21, 25:12, 25:17. -Нашите момци забележаа победа и во финалето на купот на ОФМ. Лавовска борба за секој поен, покажавме зошто со години сме без конкуренција во домашните […]

Дошол во посета на осуденик во струмичкиот затвор, му донел

Вчера околу 15:00 часот во СВР Струмица, од Казнено-поправната установа Затвор Струмица било пријавено дека околу 13:45 на влез во установата, при преглед на Х.П. од Струмица, кој дошол на посета кај осуденик во затворот, затворските полицајци пронашле марихуана, соопштија денеска од МВР. Увид извршила екипа од СВР Струмица и по документирање на случајот против […]

Одржано предавање за медиумска писменост и како до поголема присутност

Здружението за медиумска писменост „Медија Флеш“ одржа предавање за предизвиците на медиумската писменост и како до поголемо и засилено присуство во јавноста со вработените во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Новинарите Ристо Тасев и Ване Трајков пред вработените, предводени од директорката Жулиета Ѓуркова, зборуваа за за медиумската писменост, препознавање лажни вести, користење алатки […]

Струмичките пчели второпласирани на Пробиштипскиот маскенбал

Маската „Пчелин рај “ на ООУ „Видое Подгорец“ го освои второто место за најсупешна маска на Пробиштипскиот маскнебал, кој се одржа вчера. Младите струмички карневалисти со настапот на оваа манифестација, прва по учеството на Струмичкиот карневал, уште еднаш потврдуваат дека успешно ја презентираат вековната струмичка карневалска традиција и се нејзини достојни наследници. На Пробиштипскиот маскенбал […]