Со осветлување на општинската зграда во сино Струмица го одбележува

Со осветлување на општинската зграда во сино вечерва во Струмица почна одбележувањето на на 2 април, Меѓународниот ден на децата со аутизам. Поддршка на одбележувањето дадоа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и Kоординаторот за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Спасе Додевски. -Во Струмица дојдов да ја […]

Детски карневал во Радовиш за традиционaлната „Априлијада“

Радовиш денеска беше претворен во карневал на детската фантазија.Плоштадот „Св.Спасо Радовишки“ личеше на пролетен мозаик и кошница исполнета со разнобојни цветови, бубамари, пчелички, кловнови, волшебници, дизниеви јунаци и многу други маски, коишто денес беа дел од традиционалната „Априлијада“. Почнувајки со дефиле од бул.Александар Македонски и движејки се кон плоштадот, каде маските имаа свое претставување, и […]

Полициски билтен:сообраќајка кај Гевгелија, физички напад во Струмица, пресметка во

На 30.03.2022 во Полициската станица Струмица, Ј.Ј.(41) од Струмица пријавил дека околу 13.15 часот во паркот во Струмица неговиот малолетен син бил физички нападнат од И.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 31.03.2022 во 09.34 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на крстосница од булевар „Гевгелија“ и стар магистрален пат М1 […]

Влада: Од денес стартува исплатата на минималната плата од 18.000

Од денес, 80.000 вработени, наши сограѓани, работници во различни дејности и индустрии, земаат 18.000 денари минимална плата според последните законски измени и дополнувања за раст на минималната плата од март годинава. Владата на Република Северна Македонија во дијалог со бизнис заедницата, синдикатите и сите засегнати страни во изминатиот период постигна договор за зголемување на најниските […]

Полицијата апелира да се отстранат хаварисаните возила од јавните површини

Локалниот совет за превенција при општина Струмица на својата петта седница одржана на 30.03.2022 година донесе заклучок за решавање на проблемот со хаварисани возила кои се оставени на улици, тротоари, паркинг простори и други јавни површини на подрачје на општина Струмица. Поради наведеното, Секторот за внатрешни работи Струмица апелира до граѓаните кои имаат оставено хаварисани […]

Жител на Василево се сомничи за кражба на бакарни цевки

На 30.03.2022 во 11:30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.Г.(37) од село Василево, струмичко, соопштија денеска од МВР. Тој се сомничи дека во периодот од 17.03.2022 до 30.03.2022 извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „предизвикување општа опасност“, односно одзел бакарни цевки од системите за гас и […]

Одржан првиот работен состанок за имплементација на проектот „Бе Ин“

Во рамките на проектот „Деловен екосистем како интегриран систем – Бе Ин“, финансиран од Европска Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција – Р. Северна Македонија,на 22.03.2022 година, во Солун, Грција, се одржа првиот работен состанок на партнерите по проектот: Регион Централна Македонија, Грција, Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, Република Северна Македонија Истражувачки […]

Се гради пристапниот пат до Прифатилиштите за бездомни животни во

Денеска почна изградбата на пристапниот пат до Прифатилиштето за бездомни животни во Струмица во должина од 561 метри, проект кој го реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Општина Струмица. Како што информираше директорката на Центарот за развој на овој регион, Жулиета Ѓуркова, средствата за изградба на патот во висина од […]

Старец починал во пожар во Конче

Вчера во 16:44 часот во СВР Струмица било пријавено дека во село Конче, радовишко, настанал пожар во куќата на  П.В.(52),  при што починал неговиот татко В.В.(78). Пожарот бил изгаснат од жители на селото, а увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, инспектор по пожари и екипа на ОВР Радовиш. Телото на […]

Насилно одземени пари од касата во подземниот паркинг во Струмица

Денеска во 06:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека во наплатен центар на паркиралиште под Плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица едно лице со закана кон вработениот одзело пари од касата, информираа денеска од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.